Услови за користење

Ви Благодариме на вашата посета на www.mohanbluesky.com, online продавница на Мохан Блу Скај дооел. Услугите кои ви ги нудиме на оваа веб странца се базирани на следните политики и услови. 

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Политики за користење на системот за електронска трговија.
Со самиот пристап на интернет страницата www.mohanbluesky.com, давате согласност дека сте запознаени и дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
Мохан Блу Скај дооел ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
 
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
Мохан Блу Скај дооел ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Личните податоци нема да бидат објавени пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, e-mail адреса  и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Мохан Блу Скај дооел не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

Мохан Блу Скај дооел го задржуваправото да прима пораки нарачки само од лица постари од 18 г. За малолетни лица, помлади од 18 г.,  се препорачува нарачката да ја направи во присуство на родител или старател.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
Мохан Блу Скај дооел ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Мохан Блу Скај дооел за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА АРТИКЛИ
Оваа Политика се однесува на испорака на артикли порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Карго Експрес, ДХЛ Експрес и Македонска Пошта, на адресата која е наведена во порачката.

Испораката на секој купен артикл на територијата на Р. Македонија е бесплатен. Нарачките пристигнуваат во рок од 1-3 работни дена.

За меѓународни испоракипоштаринските трошоци се доплаќаат. Цената на доставата зависи од крајната дестинација и тежината/големината на пратката. Трошокот на доставата ќе биде назначен пред извршување на плаќањето.  Пратките ќе бидат испорачени со DHL Express / Македонска Пошта  на назначената адреса. При процесот на купување, вие самите ќе можете да одберете која конпанија сакате да ви ги испорача производите. Нарачките пристигнуваат во рок од 2-3 работни дена за достава на Европскиот Континент, односно 5-7 работни дена за останатите земји во светот, доколку го изберете DHL како доставувач. Ако одберете Македонска Пошта, пратката ќе ви биде доставена за 10 работни дена.

Ве молиме имајте во предвид дека: 

- Времетраењето на испораката на нарачаните производи се смета од моментот на примање на средставата кои ги имате уплатено за саканиот производ.

- Времетраењето на испоrаката може да биде продолжено од страна на царинските служби. 

- Пратки нема да бидат доставувани на Поштакнски Фах.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

4. ПРОЦЕС НА КУПУВАЊЕ

Го одбирате вашиот омилен производ а потоа кликнувате на копчето “Во кошничка”, со што производот се пренесува во корисничката кошничка. Начинот и трошоците на испорака ќе бидат достапни пред да се изврши плаќањето на производот. Доколку условите за испорака не ви одговараат можете да ја откажете нарачката. За извршување на купувањето, потребно е да се согласите со нашите правила и услови на купување.

Откако ќе ја направите вашата нарачка и ќе се процесира плаќањето, ќе добиете email со детали за вашата нарачка. Овој email не е прифаќање на вашата нарачка, туку е потврда дека нарачката е добиена. Прифаќање на вашата нарачка ќе биде извршено кога ќе добиете e-mail со потврда дека производите ќе бидат испорачани. Мохан Блу Скај дооел го задржува правото на неприфаќање на вашата нарачка доколку: a) на ограничување на превозот за одредена дестинацијa; или б) избраниот производ не е веќе во залихи.  

Во случај на неприфаќање на вашата нарачка, купувачот ќе биде  известен преку e-mail, а средствата кои ги имате уплатено ќе ви бидат вратени во целост на вашата трансакциска сметка.

 5. ЦЕНИ И ПЛАЌАЊЕ

Цените на сите производи на нашата веб страница се дадени во денари и во евра. Цените на производите се подложни на промени во секое време, но промените нема да влијаат на нарачките кои се во тек. Во моментот на купувањето, сите цени ќе бидат потврдени и сегашната цена на производот ќе биде наведена.

Плаќањето мора да се направи по поднесување на вашата нарачка. Ние можеме да ги задржиме производите доколку износот не е примен во целост.

Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка (Visa/Visa Electron, MasterCard, Maestro) и плаќања преку трансакциона сметка (фактура за правни и физички лица). Сите кредитни/дебитни картички се предмет на проверки за валидација и одобрение од издавачот на картичката. Ако издавачот на вашата платежна картичка одбива да овласти исплата на Мохан Блу Скај дооел, ние нема да бидеме одговорни за било какво одложување или не-испорака. 

Ние преземаме сигурносни мерки за да бидете сигурни дека нашиот сајт е безбеден и дека сите трансакции платени со кредитна/дебитна картичка на овој сајт се обработени од страна на CaSys, портал за безбедно онлајн плаќање што ја енкриптира вашата картичка во безбедна хост средина.

 6.КУПУВАЊЕ СО ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР

Откако ќе го изберете вашиот омилен производ и ќе го додадете во кошничката, над производот се појавува линк со следниот текст: Успешно додадовте -името на избраниот производ- во вашата шопинг кошничка! Доколку кликнете на "шопинг кошничка" ќе бидете пренасочени кон вашата шопинг кошничка каде можете да ги видите вашите селектирани производи. Во делот "Внесете вредносен ваучер", го внесувањето на  кодот на вредносниот ваучер, кликнувате "примени вредносен ваучер". Со ова крајната цена се намалува со наведениот вредносен ваучер.

7. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

Мохан Блу Скај дооел ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

8. ПОЛИТИКА НА ВРАЌАЊЕ/ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД

Ве информираме дека сите производи купени на овој сајт се финални и не нудиме повраток на средствата. Меѓутоа ако не сте задоволен со производот, ви нудиме замена со друг производ или кредитен ваучер со кој може да купите друг производ од нашиот сајт, а истиот е со важност од 6 месеци.

Ако не сте задоволни со со купените proizvodi, ве молиме да не контактирате на делот Рекламација на производ во рок од 24 часа по прием на пратката. Ве молиме да ги наведете ја причината поради која не сте задоволни со производот. Во апликацијата ги внесувате вашето име, презиме, e-mail, телефонски број, број на нарачка, име на производ, код на производот, како и причината за враќање на артиклот. Ние ќе го процесираме ова барање во најкраток можен период.

Рекламацијата ќе биде прифатена само доколку сте добиле погрешен производ.

Рекламацијата нема да биде прифатена доколку е купен на продажба; продуктот е оштетен од ваша страна или при транспорт; рекламацијата не е поднесена во рок од 24 часа од прием на производот.

По одобрување на рекламацијата, имате рок од 7 работни дена да го вратите производот. Ве молам да го испратете производот вклучувајќи ја оригиналната фактура на вашата пратка. Пакетот заедно со фактурата да бидат испратени до:

ДTУ Мохан Блу Скај дооел увоз – извоз Мрзенци Гевгелија
ул. Гоце Делчев 69 - Мрзенци
1480 Гевгелија
Р. Македонија

Замена на производот ќе направиме веднаш по прием на рекламираниот производ, а испораката подложи на нашите Информации на испорака.

Mohan Blue Sky Online Store © 2017. UKION SHOPS